Р.С.Т. – Електрика друштво за електроинженеринг и трговија извоз – увоз доо Велес е основана во 2006 година, како резултат на долго годишното работно искуство. Дејноста на делување на Р.С.Т. – Електрика е изведба на електрични инсталации, громобрански и антенски инсталации, телефонски, телевизиски и интернет инсталации. Во почетоците во Р.С.Т. Електрика работеа неколку лица, високо квалификувани и искусни во својата струка, а во зависност од потребата и обемот на работа се ангажира и надворешни стручни соработници и останат кадар. Професионалниот однос кон работата кој што е постигнат во првите години од работење е задржан и до денес. Водена од стручни раце и познавање на проблематиката од електроинсталатерските работи, фирмата оствари брз напредок и развој. 

Р.С.Т. Електрика денес ужива голем углед, благодарение на стручниот приод спрема секоја работа, користењето на современи машини и алати, добро уиграниот тим и квалитетната изведба и запазувањето на договорените рокови. Денес, фирмата располага со обучен и респектиран менаџмент и кадар, со соодветна стручност, квалификации и интегритет, кои што се способни да одговорат на соодветените фази од работата и на сите предизвици. 

Одржувајќи го квалитетот на изведените работи на највисоко ниво и истовремено запазувајќи ги поставените рокови на изведба, Р.С.Т. Електрика се стекна со соодветен имиџ за квалитетно изведена работа во очите на корисниците, која што всушност преставува и гаранција за беспрекорната изведба и задоволство на клиентите во исто време.